Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија ги надмина очекувањата: Ова е доказ

Германија ги надмина очекувањата: Ова е доказ

Довербата меѓу германските инвеститори ги надмина очекувањата на аналитичарите, достигнувајќи во април највисоко ниво од летото 2015 година.

Тоа го покажаа претставените резултати од месечната анкета на германскиот економски институт ZEW.

Тој индекс кој ги мери очекувањата на инвеститорите во поглед на наредните неколку месеци, скокнал на 19,5 поени од 12,8 поени во март, додека аналитичарите кои ги анкетираше агенцијата Фактсет предвидувале благ скок, на 13,8 поени.

„Економската ситуација во Германија се покажа како многу стабилна во првиот овогодишен квартал, благодарение на позитивните податоци за растот на индустриското производство, градежништво и малопродажба“, изјавил претседателот на ZEW Аким Вамбах, додавајќи дека пазарите оечкуваат продолжување на развојот на ситуацијата.

Индексот на доверба на инвеститорите, ZEW се пресметува врз основа на анкета во која учествуваат 204 финансиски играчи во Германија.

Слично

Поврзани вести