Германија ги губи инвеститорите
Довербата на инвеститорите во Германија падна во април повеќе од очекуваното, што ќе ги загрози перспективите за јакнење на германската економија, покажуваат објавените податоци.
Индексот на доверба на инвеститорите, кои го пресметува економскиот институт ЗЕВ, падна во април за 12,2 поени, на 36,3 поени, по мартовскиот тригодишен максимум.
Тоа е за прв пат од ноември индексот да забележи пад, додека аналитичарите прогнозираа далеку поскромен пад на 43 поени.
Слично
