Германија: Ердоган поддржува исламисти и терористи
Германската влада покажува дека исламизацијата на турската внатрешна и надворешна политика ja претворила земјата во центар за исламистичките групи кои дејствуваат во регионот, се вели во доверлив документ, објавен од германската државна телевизија АРД.
Како резултат на зголемената исламизација на внатрешната и надворешната политика на Анкара од 2011 година, Турција стана централна платформа за акција за исламистичките групи во блискоисточниот регион. Документот е изготвен од германското Министерство за внатрешни работи како одговор на барањето на пратеникот од Левите, Севим Дагделен и е базиран на информации на германската разузнавачка служба (БНД).
Повеќекратното изразување на солидарност и активностите во знак на поддршка за египетското исламистичко движење „Муслимански браќа" за Хамас и за вооружените исламистички опозициски групи во Сирија од страна на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја истакнуваат нивната идеолошка сличност, се вели во одговорот на германската влада.
Ова е прв случај во кој германската влада ја поврзува турската влада со исламистичка вооружена група.
Пред повеќе од една недела Ердоган ја обвини канцеларката, Ангела Меркел дека Германија ги храна терористите, но тоа е бумеранг кој може да се врати и да ја удри, пренесе британскиот весник „Експрес".
Тоа беше уште еден коментар на Ердоган за политиката на отворени врати на Меркел.
