Германија: Екстрадиција на еден бегалец е поскапо од луксузен одмор
Екстрадиција од Германија на само еден бегалец, чија молба за азил била одбиена, е поскапо од луксузен одмор, пишува националниот дневен весник „Die Welt“.
Одредбите во врска со ова се јасни: чл. 66 од Законот за престој на странци наведува дека „трошоците настанати за отфрлање, враќање или депортација на странецот, се на негова сметка“. Така барем во теорија Берлин е ослободен од финансискиот товар на депортираните лица.
Но во пракса не е така. Повеќето мигранти кои пристигнуваат во Германија, за да добијат азил, немаат многу средства и присилното иселување од земјата се врши за сметка на федералниот буџет.
Податоците доставени од страна на индивидуални германски провинции, покажуваат дека во 98% од случаите трошоците за екстрадиција на бегалци биле направени од страна на германските власти. При тоа тие не се воопшто мали - излегува дека депортација само на еден човек го чини Берлин повеќе отколку што еден германски граѓанин плаќа за луксузен одмор.
