Германија е новиот светски фудбалски шампион!
Репрезентацијата на Германија го освои Светското фудбалско првенство, победувајќи ја Аргентина со 1:0 во финалето на Мундијалот во Бразил.
Германците стигнаа до победата во продолженијата, кога во 113-тата минута Марио Геце го постигна единствениот гол што беше доволен за победа.
За Германија ова е четврта титула на светските првенства, со што по бројот се изедначи со Италија. Поуспешен е само Бразил, кој петпати бил светски првак.
За Аргентина, пак, ова е трет пораз во пет финалиња на светските првенства.
Со доделувањето на медалите заврши Светското фудбалско првенство во Бразил. Организацијата на Мундијалот во оваа земја беше повод и за големи социјални немири и протести на граѓаните, кои не беа задоволни со големите трошоци што се издвоија за ова првенство во услови на незадоволителна економска состојба во која се наоѓа државата.
Слично
