Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА ДЕПОРТИРА СÉ ПОГОЛЕМ БРОЈ ЛУЃЕ: Само во првите шест месеци од 2023 се депортирани скоро 8.000, најмногу од Грузија

ГЕРМАНИЈА ДЕПОРТИРА СÉ ПОГОЛЕМ БРОЈ ЛУЃЕ: Само во првите шест месеци од 2023 се депортирани скоро 8.000, најмногу од Грузија

Бројот на депортирани од Германија е зголемен за близу 27 отсто во првата половина од оваа година во однос на истиот период во 2022 година, покажуваат информациите подготвени како резултат на парламентарната истрага на партијата „Левица“ до германското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.

Вкупно 7.861 депортација се случиле во првите шест месеци од годината, според бројките кои првпат ги објави Neue Osnabrücker Zeitung - 1.644 од депортираните се жени, а 1.375 малолетни.

Според податоците, најчесто депортираните имаат грузиско државјанство (705).

Лицето чие барање за азил е одбиено или чија виза или дозвола за престој е истечена мора да ја напушти Германија. Имиграциските власти се обврзани да ја извршат нивната депортација освен ако не постојат превентивни фактори како што се болест или други основи за привремено суспендирање. Меѓутоа, овие депортации често пропаѓаат, наведува ДПА.

Според информациите, во првото полугодие морало да се стопираат 520 обиди за депортација. Најчести причини биле отпорот кон засегнатите лица, одбивањето на пилотот или авиокомпанијата и одбивањето на федералната полиција да изврши апсење. 

ФОТО: Unsplash/Ansgar Scheffold

Слично

Поврзани вести