Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА ЧУВА 12,3 МИЛИЈАРДИ ГЕРМАНСКИ МАРКИ: И по 20 години од еврото, марките им се помили

ГЕРМАНИЈА ЧУВА 12,3 МИЛИЈАРДИ ГЕРМАНСКИ МАРКИ: И по 20 години од еврото, марките им се помили

И 20 години по воведувањето на еврото, граѓаните на Германија имаат складирани 12,3 милијарди германски марки, објави германската централна банка.

„Германија е една од шесте земји во еврозоната кои можат да ги менуваат и банкнотите и монетите од старата валута во евра без ограничување“, рече Јоханес Берман од Германската централна банка (Deutsche Bundesbank).

Тој рече дека годинава е зголемен обемот на разменети марки во евра, што е поврзано со тоа што филијалите на централната банка беа затворени за трансакции со клиенти за време на пандемијата.

Еврото беше воведено во Германија во 2002 година.

На крајот на ноември, количината на банкноти и монети од германски марки што сè уште ги поседуваат граѓаните се проценува на 12,3 милијарди марки или 6,29 милијарди евра. Германија го воведе еврото како платежно средство на 1 јануари 2002 година. Експертите проценуваат дека голем дел од непроменетите марки се уште се наоѓаат во странство. Во јануари и февруари, по воведувањето на еврото во Хрватска од 1 јануари, германската централна банка ќе продолжи да менува куни за евра.

ФОТО: EPA/BORIS ROESSLER

Слично

Поврзани вести