Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија бара од „Volkswagen“ да повлече од пазарот 2,4 милиони автомобили

Германија бара од „Volkswagen“ да повлече од пазарот 2,4 милиони автомобили

Германскиот автомобилски регулатор „KBA“ ќе ја принуди компанијата „Volkswagen“ да ги повлече од пазарот во земјата 2,4 милиони возила, откако најголемиот производител на автомобили во Европа беше вовлечен во огромен скандал за „лажни“ тестови за испуштање штетни гасни емисии на дизел автомобилите.

Претходно денеска германскиот весник „Билд“ соопштил дека „KBA“ го отфрлил предлогот на „Volkswagen“, според кој сопствениците кои се погодени од софтверската измама на дизел автомобилите би можеле доброволно да ги обезбедат нивните автомобили за поправање.

Во минатиот месец „Volkswagen“ призна дека има инсталирано софтвер во дизел автомобилите преку кој се доставуваaт невистинити податоци за нивото на испуштање од моторите штетни гасни емисии. Компанијата посочи дека оваа „измама“ има погодено 11 милиони автомобили ширум светот.

Слично

Поврзани вести