Германија бара „армија“ возачи на автобуси!
На Германија во следните две години ќе и бидат потребни 16.000 возачи на автобуси. Овој кадар се смета за исклучително дефицитарен во оваа земја, па затоа можност за вработување се очекува да имаат и работници од странство.
Сепак, германските работодавачи очекуваат од потенцијалните кандидати барем малку да го знаат германскиот јазик, бидејќи не се подготвени да плаќаат дополнителни обуки.
Понудата се однесува на возачи од сите земји кои не се членки на Европската унија.
Слично
