Германиците ја тужат Украина за падот на MH17
Семејствата на загинатите Германци во падот на малезискиот авион MH17 најавија дека ќе поднесат тужби против Украина и украинскиот претседател.
Адвокатот кој ги претставува семејствата на загинатите најаваи тужба за убиство од небрежност на 298 луѓе, односно на сите патници на соборениот авион над источна Украина.
Застапникот Еламр Гијемул истакнал дека по правилата на меѓународното право Украина би требало да го затвори воздушниот простор доколку не била сигурна дека може да пружи целосна безбедност.
„Секоја држава е одговорна за безбедноста на својот воздушен простор. Ако од било која причина не е во состојба да го направи тоа тогаш треба да ги забрани прелетувањата. Украина тоа не го направила и таа е виновна за настанатата штета“, истакнал Гијемул, пренесува Ројтерс.
Тој наведува дека Украина со одлуката да не го затвори својот воздушен простор прифатила животите на стотици лица да биде изложен на опасност и тоа го смета за повреда на човечките права.
Поднесувањето на тужбата е најавено за две недели пред Европскиот суд за човекови права, а меѓу барањата е отштета од милион евра по жртва.
Малезискиот авион се урна на 17 јули, а загинале 298 лица, од кои две третни се Холанѓани.
Меѓутоа, холандските истражувачи не беа во можност да го посетат местото на несреќата во регионот на Доњецк поради вооружените борби помеѓу проруските активисти и украинските сили, па се потпираа на информации на украински експерти на лице место.
Холандскиот одбор за безбедност ја координира истрагата за трагедијата почнувајќи од 23 јули врз основа на спогодбата со Киев, а групата на меѓународни истражувачи се состои од експерти од Австралија, Малезија, Холандија, САД, Русија и Украиан.
Конечниот извештај се очекува следната година.
Во меѓувреме една германска компанија за истрагата за измами во осигурувањето понудила награда од 30 милиони долари за информации за причините за падот на авионот.
