Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германец пукаше во центар за бегалци, повреди девојче од Македонија

Германец пукаше во центар за бегалци, повреди девојче од Македонија

Германец на возраст од 21 година пукал со воздушна пушка во бегалски центар од прозорецот на својот стан на 3-от кат во северозападниот германски град Линг вчера и ранил двајца мигранти, пренесоа агенциите, цитирајќи полициска порака.

При тоа се повредени 5-годишно девојче од Македонија и 18-годишен Сириец. Тие се погодени во нозете, по што укажана им е лекарска помош во болница.

Полицијата извршила претрес во домот на осомничениот. Не е јасно дали неговите активности биле политички мотивирани. Во тек е истрага.

Слично

Поврзани вести