Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германец скоро се преселил во италијанско село, загина во поплавата

Германец скоро се преселил во италијанско село, загина во поплавата

Двajца луѓе загинаа во лизгање на земјиштето во северна Италија. Локалните власти потврдија дека има жртви. 

Една од жртвите е 32-годишен Германец кој се преселил во селото Брацано ди Кормонс пред неколку месеци. Таму, спасувачките тимови го извлекоа и телото на 83-годишна жена од куќата затрупана со кал, потврди противпожарната служба.

Регионот деновиве е зафатен од интензивни врнежи, што предизвика поплавување на улици и подруми. Три куќи во Брацано се уништени од лизгања на земјиштето.

Поплави вчера имаше и во Словенија. Имаше одрони и уништени патишта. 

Слично

Поврзани вести