Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германец нападнал работници од БиХ и извикувал нацистички слогани

Германец нападнал работници од БиХ и извикувал нацистички слогани

Припадници на Одделот за државна безбедност на Полициската управа во Дрезден почнаа истрага за 46-годишен Германец, кој пред неколку дена нападнал градежни работници од Босна и Херцеговина, извикувајќи забранети нацистички слогани, објавува „Кликс“.

Според германските медиуми, тој дошол на градилиште на Лешнерштрасе во Мајсен и почнал да ги навредува работниците од БиХ. На градилиштето имало шестмина работници, а Германецот извикувал нацистички слогани и покажувал забранети симболи.

Во еден момент, настанал вербален конфликт, по што Германецот го удрил работникот од БиХ во градите, нанесувајќи му полесни повреди.

Набрзо на местото на настанот пристигнала полициска патрола, која спречила понатамошна ескалација. Против напаѓачите ќе бидат поднесени обвиненија откако ќе заврши истрагата, пишува „Независне“.

foto X

Слично

Поврзани вести