Германците жалат бидејќи нема работници, „би било многу подобро“
Повеќе од половина од германските индустриски асоцијации се оптимисти во поглед на сопствената ситуација отколку пред година дена.
Повеќе не се загрижени поради протекционистичките мерки на САД и Брегзит, покажало едно истражување.
Меѓутоа, најголем проблем за компаниите во таа земја и понатаму е недостигот на обучена работна сила, покажал резултат од истражувања на економскиот институт IW од Келн.
„Можноста за производство во германската економија би било подобро, ако би биле достапни повеќе квалификувани работници“, изјавил директорот на IW Михаел Хојтер.
Анкетата покажала дека 26 од 48 индустриски асоцијации се пооптимистични отколку кон крајот на 2016 година, и дека повеќе од две третини очекуваат зголемување на производството во наредната година.
„И покрај протекционистичките мерки на американскиот претседател Доналд Трамп и перспективите на Брегзит, инвестициите во Германија, оваа година пораснале и дополнително ќе зајакнат во 2018година“ се наведува во соопштение на тој институт.
Само два сектори се нешто песимистични-прехрамбениот сектор, кој е загрижен поради силната конкуренција и високи трошоци и сектор за кооперативно банкарство кој е погоден од ниските каматни стапки и маргини.
