Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНЦИТЕ УРИВААТ ВЕТЕРНИЦИ ЗА ДА НАПРАВАТ МЕСТО ЗА РУДНИК ЗА ЈАГЛЕН: Африка им се потсмева

ГЕРМАНЦИТЕ УРИВААТ ВЕТЕРНИЦИ ЗА ДА НАПРАВАТ МЕСТО ЗА РУДНИК ЗА ЈАГЛЕН: Африка им се потсмева

Претседателот на Уганда Јовери Мусевени го критикуваше Западот за „двојни стандарди“ во нивниот одговор на енергетската криза предизвикана од војната во Украина.

Во објава на Твитер, Мусевени ја издвои Германија заради уривањето на турбините на ветер за да дозволи проширување на електрани на јаглен додека Европа се бори со енергетската криза предизвикана од руско-украинската војна, пишува Си-Ен-Ен.

Германија предложи постепено укинување на електраните на јаглен до 2030 година за да се намалат емисиите на јаглерод. Но, најголемата европска економија сега е принудена да ѝ даде приоритет на енергетската безбедност пред чистата енергија, бидејќи испораките на гас од Русија се суспендирани.

Исто како и Германија, многу други европски земји ги оживуваат проектите за јаглен како алтернатива на руската енергија.

Мусевени напиша дека преминувањето на Европа кон производство на електрична енергија базирано на јаглен „ги исмева“ климатските цели на Западот.

„Веста од Европа дека се урива огромен парк со ветерници за да се отвори простор за новоотворениот рудник за јаглен е показател за двојните стандарди што ние во Африка ги очекувавме“, напиша лидерот на Уганда, нарекувајќи го потегот на Германија „чисто лицемерие“. 


ФОТО: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN


Слично

Поврзани вести