Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ГОЛЕМ ШОК: Големо поскапување на струјата од први јануари

ГЕРМАНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ГОЛЕМ ШОК: Големо поскапување на струјата од први јануари

Германската влада донесе одлука за ограничување на цената на струјата и гасот, која ќе важи од јануари 2023 година до април 2024 година.

Претходно над 7 милиони домаќинства беа информирани за огромни поскапувања на струјата од Нова година.

Германците и онака имаат најскапа струја во ЕУ. А деновиве милиони домаќинства добија известување за поскапување на струјата од Нова година. Некои зголемувања се драстични. На пример, Rheinenergie од Келн од јануари ќе наплатува околу 55 центи по киловат-час за струја! Тоа е пораст од речиси 130 проценти.

Покрај во Келн, значително поскапување е и во Минхен: киловат час од Нова година ќе чини 61,9 центи. Порано беше 25 центи.

„Новата година започнува со огромен бран поскапувања на електричната енергија“, рече Торстен Шторк, експерт за енергија на порталот за споредба на цените „Веривокс“. Добавувачите на електрична енергија постепено ги пренесуваат зголемените пазарни цени на своите корисници.

На високите трошоци за набавка се осврнува и Rheinenergie од Келн: „Во споредба со претходната година, цените на берзите за струја се зголемени за повеќе од 300 проценти, на врвот повеќе од десет пати. Покрај тоа, се зголемува и мрежната такса. "

Засегнати се 7,3 милиони домаќинства

Порталот за споредба на цените Check24 пишува дека „околу 7,3 милиони домаќинства“ се погодени од поскапувањето на струјата во Германија од Нова година.

Зголемувањата во просек изнесуваат 60,5 отсто. Поради различната база на податоци, Verivox доаѓа со просечен плус од 54 проценти.

„За жал, тарифите за новите корисници се уште повисоки, така што менувањето на провајдерите во повеќето случаи не носи никаква заштеда. Ова веројатно ќе се промени само во следните неколку месеци. Затоа, корисниците немаат избор во моментов.

Зголемувањата на цените на почетокот на новата година се многу различни низ Германија. На пример, во Општинското претпријатие за електрична енергија во Потсдам (Бранденбург), цената се зголемува за околу 21 отсто на 46,5 центи за метар квадратен. Во MVV Energie во Манхајм (Баден-Виртемберг), од јануари струјата чини нешто помалку од 45 центи - наместо досегашните 27 центи. Источногерманскиот енергетски снабдувач EnviaM (Кемниц, Саксонија) во иднина ќе наплаќа 48,1 центи - 20,1 центи повеќе од претходно.

Значителните зголемувања на почетокот на годината не се први во блиското минато: според пресметките на Check24, домаќинство со годишна потрошувачка од 5.000 киловат часови плаќало во просек 29,4 центи во ноември 2020 година и 31,6 центи една година подоцна. И во моментов (ноември 2022 година) просекот е 42,7 центи.

Зошто струјата е толку скапа во Германија?

Цената на струјата, која моментално во просек изнесува 32,7 центи за киловат час, се состои од три компоненти:

- 51 процент се даноци, давачки и доплати

- 24 проценти одат за користење на електричната мрежа

- 25 проценти одат кај снабдувачот со електрична енергија за производство и продажба на електрична енергија.

Даноците и доплатите сочинуваат нешто повеќе од половина од цената на струјата за киловат час - ова е една од причините зошто цената на струјата во Германија е толку висока во споредба со другите земји од ЕУ.

Екстремното зголемување на цената на бензинот, како резултат на руската агресивна војна против Украина, се смета за една од главните причини за најновото екстремно поскапување на струјата.

Во исто време - сега прескапото производство на струја во гасните централи ја одредува цената за сите други начини на производство на електрична енергија. Станува збор за таканаречениот принцип Merit order, на кој инсистира Европската Унија: за цената на струјата одлучувачка е најскапата електрана, која е несоодветна за покривање на побарувачката во земјава.

Ограничувања на цените за струја и гас

Сојузната влада во петок 25.11. го усвои најавениот предлог-закон, односно низа мерки за ограничување на цените на гасот и електричната енергија, со што се отвора пат за собраниски одлуки. Министерот за економија Роберт Хабек (Зелени) очекува дека Бундестагот и Бундесратот би можеле да донесат соодветни закони до средината на декември.

Согласно предлог-законот, од 01.01.2023 година ќе се регулира на следниов начин:

Струја - домаќинствата и малите претпријатија би ја добивале основната квота за електрична енергија од 80 отсто од потрошувачката од 2021 година по фиксна бруто цена од 40 центи за киловат час, а остатокот по пазарна цена. Индустриските компании ќе добијат загарантирана нето цена од 13 центи за киловат час за основна квота од 70 отсто од потрошувачката во 2021 година.

Гас - домаќинствата и малите и средни претпријатија ќе добијат гарантирана бруто цена на гасот од 12 центи за киловат час за 80 отсто од потрошувачката од 2021 година. потрошувачка од минатата година. А останатите 20 проценти од потрошувачката се исплаќаат според договорот.

Се воведува данок од 90 отсто на дополнителна добивка

Овие ограничувања за цените на струјата и бензинот ќе важат до април 2024 година. Граѓаните и компаниите ќе добијат ретроактивно олеснување за јануари и февруари, односно пресметката ќе се направи во март - и за претходните два месеци.

Олеснувањето, односно ограничувањето на цената на струјата делумно ќе се финансира со оданочување на таканаречената дополнителна добивка што ја остваруваат компаниите на пазарот на електрична енергија. Ова се однесува на сите производители на електрична енергија, вклучувајќи ги нуклеарните централи, оние на јаглен и производителите на зелена електрична енергија од ветер и сонце, кои неодамна имаат корист од високите цени на берзата. Тоа на

преземањето дополнителна добивка во висина од 90 проценти ќе се врши од 1 декември, а оваа практика треба да престане најдоцна до 30 април 2024 година.

Колку треба да платам?

Многумина се прашуваат колку ќе треба да платат за струја, гас и парно по сите овие мерки на поскапувања и отстапки. Навистина е многу тешко да се пресмета.

Предлог-законот вклучува конкретни поскапувања на гасот од октомври и конкретни поскапувања на струјата од 1 јануари. И тогаш треба да се пресмета колку е 80 проценти од потрошувачката во 2021 година (за секој месец или во просек?) и потоа да се прекалкулира по точно ограничената цена, а остатокот од 20 проценти според онаа во договорот. Овој дел најверојатно ќе поскапи во наредната година, барем ако им се верува на експертите и на енергетската берза. Потоа, подарокот - сметката за гас и парно за декември - чија сума точно ќе се знае дури кога ќе се направи пресметката за 2022. Дополнително, намален е и ДДВ од 19 на 7 проценти на целата потрошувачка на гас и парно греење.

Самата влада изјави дека се занимава со „многу комплицирана законска процедура“, која вклучува и одредба која го отежнува исклучувањето на струјата и парното на неплаќачите.

Б92

Слично

Поврзани вести