Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците не застануваат – бележат рекорден извоз!

Германците не застануваат – бележат рекорден извоз!
Германски компании во октомври извезле стока во вредност од 99,1 милијарди што е досега највисок забележан извоз на месечно ниво. Федерално биро за статистика објави дека досега, само во март 2012 година имало извоз од 98.7 милијарди. Во споредба со октомври минатата година, ова е раст за 0,6 отсто . За рекордната вредноста на германскиот извоз во октомври придонесе за голем пораст на извозот во земјите на ЕУ кои не се во еврозоната. Само во Полска, извезено е за 6,2 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година. Германски фирми во земјите на еврозоната  извезле за 0,1 отсто помалку, а пад има и во извозот во земји надвор од ЕУ, и тоа за 1,3 проценти. Економистите го толкуваат како позитивен фактот што германскиот увоз од еврозоната се зголеми за 2,9 проценти. Трговски партнери во странство ја користат поволната економска клима во Германија и германските компании  продаваат главно челик и машински делови. Од јануари до октомври , вредноста на германскиот извоз изнесува 917 милијарди евра или 0,7 отсто помалку од истиот период минатата година.  
Слично

Поврзани вести