Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците лути на САД - Ќе има контра мерки за санкциите

Германците лути на САД - Ќе има контра мерки за санкциите

Германската влада е лута што САД донесоа одлука во Конгресот за наметнување на нови санкции против Русија кои ќе го таргетираат енергетскиот сектор за кои не побарале консултација и поддршка од европските сојузници. 

Со планираните санкции ќе се нанесе голема штета на проектот Северен тек 2 со кој е предвидена достава на природен гас од Русија до Германија. Санкциите би им нанеле големи последици на германските компании кои соработуваат со Русија и ќе има штети врз германската економија.

Според министрите за економија на Германија и Австрија со овие санкции се загрозува енергетската стабилност на Европа, а се цели кон зацврстување на американските енергетски интереси.

Затоа Берлин побара поддршка од Европската унија која треба да испрати соодветен одговор но, и евентуални контра мерки против САД. Предвидените санкции се за анексијата на Крим како и наводното мешање на Русија во американските претседателски избори. Останува уште одлуката на претседателот Трамп кој треба да ги потпише пакет санкциите изгласани од Конгресот.


Слично

Поврзани вести