ГЕРМАНЦИТЕ КОНСТАНТНО КУКААТ: Им требаат работници!
Германската индустрија константно се жали на недостаток на квалификувани работници и експерти, иако оваа земја минатата година примила милион азиланти.
Како што јавуваат германските медиуми, и покрај големиот број мигранти, на Германија и недостасува обучена меѓународна работна сила која би можела да ја зголеми економијата на земјата и нејзината конкурентност на глобалната сцена.
Во согласност со тоа, германската Партија на зелените ја претстави иницијативата наречена „План за имиграција на експерти во пет чекори“, концепт за насочување на мигрантската политика која треба да ја осигура таанаречената „одговорна миграција“ и да привлече обучени експерти од целиот свет.
Тој план предвидува формирање на посебни имиграциони комисии кои ќе ги контролираат и анализираат колку високо квалификуваните експерти и работници доаѓаат во земјата секоја година.
Меѓутоа, Карл Бренк, експерт за пазарот на труд на германскиот Институт за економски истражувања, рекол дека не постои недостаток на квалификувани работници во Германија.
Тој додал дека ставовите на германските власти, кои ги прифаќаат мигантите како начин да се спасат од проблемите на работна сила во земјата, не и одговараат на реалноста.
„Секако, постојат области во кои ни недостигаат работници, а тоа е во посебно грижата за стари лица и болни“, рекол Бренк. Меѓутоа, недостатокот на тој кадар исклучиво е поврзан за работни услови и ниски примања.
„Тоа е проблем на нашата политика на полето на образование и вработувања. Тоа е работа на обука и секако, плати“, рекол тој, додавајќи дека иницијативата на Зелените нема да донесе никакви практични резултати, ниту ќе ја променат состојбата на подобро.
