Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германците и Французите најдарежливи во корона-кризата, но која е третата најсолидарна земја од ЕУ?

Германците и Французите најдарежливи во корона-кризата, но која е третата најсолидарна земја од ЕУ?

Во времето на пандемијата COVID 19, Германците биле најдарежливи кон другите земји-членки на ЕУ, според прашалникот, „Трагачи по солидарноста“, кој е направен за потребите на Советот за надворешни работи на Европската унија..

Според EuropaToday, во проценката беа земени предвид неколку критериуми:

- медицинска солидарност (што се изразува со донирање маски и други медицински материјали, и колку медицинскиот персонал е достапен и се согласува да земе пациенти од други земји),

- економска солидарност (во форма на финансиска помош),

- солидарност на државно ниво, и конечно

- популарна солидарност (иницијативи на граѓанско општество или приватни донации во други земји).

Далеку најдарежлива е Германија, која според прашалникот собра 49 поени, а второ рангираната Франција има скоро половина помалку, или 25 поени за солидарност со другите земји членки на ЕУ, а потоа следат Унгарија и Луксембург со 21 поен.

„Трагачи по солидарноста“ покажа дека најголема помош добила Италија, врз основа на собраните 45 поени, што укажува дека добила двојно поголема помош од Шпанија и Франција.


Слично

Поврзани вести