Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германци во Полска открија скриено злато следејќи ја мапата на дедо им

Германци во Полска открија скриено злато следејќи ја мапата на дедо им

Германско семејство од Хамбург го најде во Полска богатство следејќи ја картата направена во 1952 година од дедо им.

„Во саботата во градот пристигнаа двајца Германци. Носеа карта, насликана во 1952 година“,  раскажал пред интернет порталот Onet градоначалникот на еден полски град.

Германците рекле дека одамна дедо им живеел во Лјубомеж и закопал богатство крај градот.

Локалните жители биле во паника кога Германците почнале да копаат и повикале полиција и пожарникари. Органите на редот тогаш им рекле на копачите на злато, дека немаат право да продолжат да копаат, а ако најдат нешто, тоа и припаѓа на полската држава.

Двајцата странци се обиделе да објаснат дека станува збор за семејни вредности, но без резултат.

Градоначалникот раскажал дека во корените на смрека се откриени две тегли, полни со часовници, накит, монети од 19 век, обетки, приврзоци, синџири, прстени и табакера од 1935 година.

Пронајдените вредности биле испратени во општината за евалуација. Ако се докаже дека имаат историска вредност, нема да ги дадат на Германците, а ќе бидат изложени во локалниот музеј.

Слично

Поврзани вести