ГЕРМАНЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: ЕУ е пред крах, сега е како СФРЈ пред војната
Германците предупредуваат дека Европската Унија е пред распаѓање и сега е како СФРЈ пред војната.
Велат дека ЕУ мора да се оспособи сложно да делува инаку ќе пропадне.
Додаваат дека грешките кои ги прави ЕУ не треба да бидат игнорирани.
Се смета дека еден од старите „гревови“ на ЕУ е тоа што не ја оценила правилно југословенската криза и не спречила војна.
Се наведува дека Западен Балкан е препуштен самиот на себе.
На внатрешен план не може да се постигне консензус, пишуваат германските медиуми.
„Тврдиот став на Германија за светската економска криза и широкоградоста на Берлин за бегалската криза, можеби се производ на сегашната германска финансиска и хуманитарна логика“ - пишуваат германските медиуми.
Се смета дека ЕУ низ прсти им прогледува на Грција, Бугарија, Романија и Хрватска.
Медиумите пишуваат дека ЕУ мора да обезбеди солидарност и финансиска стабилност.
