Економија, финансии, бизнис

Контакт

Герилците по децении борба во Колумбија од џунглата на журка

Герилците по децении борба во Колумбија од џунглата на журка

Припадниците на герилската паравоена формација ФАРК по речиси 5 децении на крвави судири со владините сили конечно излегоа од џунглите и по тој повод организираа голема „журка“ на која како и воопшто да не биле во борбени редови. На концертот настапија голем број на музички ѕвезди од Богота со видео бим и голема сцена.

Предводниците на ФАРК нема да го сопрат политичкиот ангажман, но наместо со пушки сега ќе се борат легално со формирање на политичка партија и се надеваат дека ќе освојат голем број на пратенички места на претстојните избори. 

Екстремните комунисти постигнаа примирје со властите во Богота со што е решено да се разоружаат, а за возврат ќе добијат можност да се интегрираат во колумбиското општество. Својата комунистичка идеологија за еднакви права на сите граѓани ќе ја спроведуваат во институциите, секако доколку освојат гласови.


Слично

Поврзани вести