Герасимов: Насекаде имаме ракетни системи со голем дострел
Русија презеде драстични мерки за зголемување на капацитетите на воената одбрана со тоа што поставила системи за крстосувачки ракети на сите стратешки локации по донесената одлука на претседателот Путин и рускиот генералштаб. Информацијата ја соопшти генерал Валериј Герасимов, првиот заменик министер за одбрана на Русија и началник на Генералштабот на руските Вооружени сили.
– За да се зголеми ефикасноста на одбраната, посебно внимание е насочено кон развојот на оружје со голем степен на прецизност. На секоја стратешка локација разместивме ескадрили со крстосчувачки ракети со голем дострел, изјави Герасимов.
Според него, овие крстосувачки ракети можат да гаѓаат цели во воздух и на копно.
Герасимов нагласи дека искуството од конфликот во Сирија и дало нов импулс на руската Армија кога е во прашање усовршувањето на „комплексното вооружување“.
Путин по победа на претседателските избори посочи дека Русија нема намера да започне нова трка за вооружување, дека ќе ги намали трошоците за воените буџети, но дека ќе ги искористи сите досегашни иновации и технолошки напредок во одбранбениот капацитет кој е на врвно ниво и тоа треба да биде доволна опомена за било кој државен непријател.
