Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРАСИМОВ ГО ИНФОРМИРАЛ ПУТИН: Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск

ГЕРАСИМОВ ГО ИНФОРМИРАЛ ПУТИН: Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск

Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск што беше заземена од Украинците, велат руските власти. Руските војници повторно го вратиле под своја контрола селото Олешња во областа Курск. 

Началникот на Генералштабот на Армијата на Русија, Валери Герасимов го информирал претседателот Владимир Путин дека руските сили повратиле повеќе од 99 отсто од територијата на Курск што украинската војска ја окупираше лани во август. 

„Во областа на Курск, каде што украинските вооружени сили извршија упад, најголемиот дел од територијата сега е ослободен. Станува збор за 1.260 квадратни километри или 99,5 отсто од територијата“, рече Герасимов.

Путин прогласи примирје за Велигден, но украинската страна е скептична. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Путин манипулира со човечките животи. 


Но, украинските власти неодамна кажаа дека украински војници има во Белгород. Русија и Украина повеќе од три години се во војна. 

Слично

Поврзани вести