Герашченко: Комуналните претпријатија во Харков веруваат во победа, почнаа да садат цвеќиња
Гранатирањето не го спречува уредувањето на парковите во градот Харков.
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, објави фотографии од комуналните работници во Харков како садат цвеќе во тој град.
„Комуналните претпријатија во Харков веруваат во украинската армија и нашата неизбежна победа. И покрај постојаното гранатирање, тие почнаа да садат цвеќиња“, напиша Герашченко.
Најмалку три лица загинаа, а 16 се повредени во денешното гранатирање на вториот по големина украински град Харков, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов, пренесува Ројтерс.
Претходно, градоначалникот на Харков, Игор Терехов, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека руските сили постојано ги бомбардираат цивилните населби. Војната почна пред 55 дена.
