Герашченко: Ако имате генератор што не го користите размислете да го донирате во Украина
Ако имате греалки или генератори контактирајте ја нашата амбасада, велат украинските власти.
Ги повикаа луѓето низ целиот свет да донираат греалки или генератори на Украина. Барањето, како што пишуваат локалните агенции, доаѓа во момент кога Украина страда од прекини на електрична енергија и недостиг на вода поради руските ракетни напади.
Антон Герашченко, советник во Министерот за внатрешни работи на Украина на Твитер побара помош.
„Најдобрата помош за Украина денес, покрај оружјето, се автономни извори на електрична енергија и топлина. Ако имате генератор што не го користите размислете да го донирате во Украина. Пред нас е тешка зима, но ние ќе ја издржиме. Ве молиме контактирајте ја украинската амбасада во вашата земја за тоа “, објави Герашченко.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави дека снабдувањето со вода и електрична енергија е обновено низ градот по руските напади кои предизвикаа големи прекини. Ако нема нови напади, украинските власти објавија дека за три седмици ќе ги санираат дефектите.фото Твитер
