Економија, финансии, бизнис

Контакт

Георгијадис: Кипар е на пат кон стабилизација

Георгијадис: Кипар е на пат кон стабилизација

Кипарскиот министер за финансии Харис Георгијадис, оцени дека Кипар излезе од ризичната зона на кризата и навлезе во зона на стабилизирање.

Според Георгијадис „најлошото од кризата во банкарскиот сектор е минато“.

Тој во обраќањето на енергетски форум во кипарскиот главен град ги уверуваше присутните дека растот на јавните финансии нема да се случи со нови даноци, потенцирајќи дека реформите во државниот сектор требало да бидат спроведени уште пред повеќе години.

Министерот за финансии смета дека приватизацијата во јавниот сектор, која е меѓу условите на меѓународните кредитори за Кипар во замена за доделените кредити, ќе биде извршена транспарентно и во интерес на вработените во него.

Георгијадис гледа и големи перспективи за економијата во земјата  во откриените наоѓалишта на гас во близината на Кипар, но појасни дека доколку не се надмине сегашниот дисбаланс, економијата нема да може да ги искористи огромните шанси што и се нудат од присуството на овој енергетски ресурс.

Слично

Поврзани вести