Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕНЕРАТОРИ, СВЕЌИ, ПЛИНСКИ БОЦИ: Девет Украинци загинаа во обид да се загреат

ГЕНЕРАТОРИ, СВЕЌИ, ПЛИНСКИ БОЦИ: Девет Украинци загинаа во обид да се загреат

Украинските власти објавија дека во изминатите 24 часа девет луѓе загинаа во пожари во станови низ Украина.

Поради редовните прекини во снабдувањето со електрична енергија, Украинците се повеќе прибегнуваат кон употреба на генератори, свеќи и плински боци во своите домови, пренесуваат британските медиуми.

„Само во последните 24 часа во Украина се регистрирани 131 пожар, од кои 106 во станбени згради. Девет лица го загубија животот, а осум се повредени. Пожарите зачестија поради прекршување на правилата за заштита од пожари во станбени згради и употреба на несертифицирани уреди за греење и подготовка на храна“, стои во соопштението на украинските власти.

Ги повикаа граѓаните да внимаваат и да ги предупредат децата за ризиците. Руските сили уништија голем дел од енергетската инфраструктура во Украина, поради што има прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Слично

Поврзани вести