Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕНЕРАЛНА ПРОБА: Речиси 81% од Каталонците избраа независност

ГЕНЕРАЛНА ПРОБА: Речиси 81% од Каталонците избраа независност
Вкупно 80,7% од гласачите во шпанската покраина Каталонија вчера се определија за независност, покажаа првичните резултати од необврзувачкото гласање. За отцепување од Шпанија се изјасниле вкупно 1,6 милиони избирачи. Иако резултатите од изјаснувањето не се обврзувачки, сепак Каталонците одговараа на две поставени прашања: „Дали сакате Каталонија да биде држава?“ и „Ако сакате, дали таа држава треба да биде независна?“. Шпанските власти се спротивставуваат на референдум за независност во оваа богата покраина, по моделот на Шкотска, а се обидоа да го спречат и ваквото пробно изјаснување. Сепак, според потпретседателката на каталонската Влада Хосана Ортега, најмалку два милиони луѓе вчера излегле на гласање, на повик на локалните каталонски власти. Од нив околу 10% се изјасниле против независна држава, а 4,5% одговориле негативно на двете поставени прашања. Аналитичарите сметаат дека ваквите резултати треба да се земат донекаде со резерва, бидејќи противниците на независноста најавиле дека ќе го бојкотираат изјаснувањето.
Слично

Поврзани вести