Generali се фокусира на зајакнување на капиталната база
Најголемиот италијански осигурител Generali се фокусира на зајакнување на капиталната база преку продажба на средства кои не се поврзани со основната дејност на компанијата , изјавил портпаролот на компанијата за Reuters во одговор на прашање во врска со евентуален интерес кон државниот извозен осигурител Sace .
Минатата недела , италијанската влада започна план за приватизација, со кој планира да собере меѓу 10 и 12 милијарди евра . Во петокот, италијанските медиуми информираа дека Generali размислува за купување на 60% од Sace , која е меѓу компаниите објавени за продажба.
"Компанијата не коментира пазарни гласини. Компанијата е фокусирана на зајакнување на капиталната база преку стратегија која вклучува , покрај сето друго , и продажба на средства за 4 милијарди евра до 2015 година " , изјавил портпаролот на Generali во врска со гласините за евентуален интерес кон Sace .
Според аналитичарите, стекнувањето на голем удел во Sace ќе наметне сериозно зголемување на капиталот , нешто што Generali се обидува да го избегне .
Слично
