Обновено:Генерален штрајк во Грција
Околу 40.000 лица демонстрираат денеска во Атина, а 20.000 во Солун, во рамки на 48-часовниот штрајк во државниот и приватниот сектор во Грција, во знак на протест против новиот владин план за штедење, соопшти полицијата.Во Атина беа организирани два одделни протести. Во првиот, свикан на повик на прокомунистичкиот синдикат ПАМЕ, се вклучија 15.000 лица. Во другиот митинг, организиран од двата синдикати на приватниот и државниот сектор - ГСЕЕ и АДЕДИ, се вклучија меѓу 35.000 и 40.000 лица, според полициски извор. Двата протести се одржаа на плоштадот Синтагма пред Парламентот во центарот на Атина. Парламентот се очекува да гласа утре вечер нацрт-закон за нови рестриктивни мерки, кои предвидуваат штедење во износ од 18,5 милијарди евра до 2016 година. Во Солун исто така се одржаа мирни демонстрации на повик на ПАМЕ и на двата синдикати ГСЕЕ и АДЕДИ.
Слично
