General Electric во Франција ќе им каже „збогум“ на околу 600 вработени
Околу 600 работни места годинава ќе укине американскиот индустриски конгломерат „General Electric“ во Франција, посочуваат извори од компанијата и од синдикатот.
Од компанијата истакнуваат дека отказите, кои се неопходни за да се заштитат од конкурентноста, во најголем дел ќе бидат во вид на доброволно заминување.
Со оваа одлука, најмногу ќе бидат погодени финансиските филијали на „GE“ каде се очекува да бидат укинати 400 работни места, а синдикатот кој ги застапува тие работници најави дека ќе се обидат да ја оспорат таа одлука на суд.
Слично
