Економија, финансии, бизнис

Контакт

General Electric со намален профит, компанијата сепак задоволна од резултатите

General Electric со намален профит, компанијата сепак задоволна од резултатите
Поради реструктуирањето на своите финансиски гранки и неповолните девизни курсеви, американската компанија „General Electric“ (GE), забележа пад на профитот во третиот квартал од девет проценти, со намалување на приходите. Нето заработката на американскиот индустриски гигант изнесувала 3,2 милијарди долари во три месеци заклучно со септември, девет проценти помалку во однос на 3,5-те милијарди од истиот период лани, пренесува агенцијата Франс прес. Приходите се намалени за 1,5 проценти на годишно ниво, на 35,7 милијарди долари. „GE“ веќе трет квартал по ред бележи пад на приходот. Компанијата, сепак, наведува дека е задоволна со резултатите, додавајќи дека нарачките низ светот пораснале за 19 проценти.  
Слично

Поврзани вести