Гејтс зборува за лек за коронавирусот: Доаѓа тежок период, ама до пролет ситуацијата ќе се нормализира
Следните неколку месеци ќе бидат тешки, можеби најтешки, но со напредните медицински третмани и со вакцините состојбата ќе се подобри до пролет, вели Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“ кој инвестира во развојот на вакцините.
„Следните четири или пет месеци ќе бидат доста тешки, освен ако не ги удвоиме нашите напори и не станеме сериозни. Треба да се намали бројот на контактите и да се носи заштитна маска, изјави Гејтс за Ен-Би-Си Њуз.
Гејтс смета дека епидемиолошката состојба ќе се подобри со помош на напредни медицински третмани и, како што рече, „неверојатните“ вакцини.
Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да примат вакцина против коронавирус ќе бидат поохрабрени по податоците за позитивните искуства и дека тоа навистина помага.
