Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕЈТС ПАК ЖАРИ И ПАЛИ: Тврди дека месото е најголем загадувач, додека инвестира во веге бизниси

ГЕЈТС ПАК ЖАРИ И ПАЛИ: Тврди дека месото е најголем загадувач, додека инвестира во веге бизниси

Основачот на Мајкрософт и американскиот инвеститор и бизнисмен, Бил Гејтс, инвестираше огромни милијарди долари во истражување за климатските промени за време на неговиот живот.

Неговата истоимена фондација долги години се занимава со таа проблематика, особено со „проблемот“ на месната индустрија, за кој самиот Гејтс не престанува да „зуи“ кога и да има можност.

Неодамна, во најновата епизода од неговиот подкаст „Unconfuse Me“, тој рече дека „повеќето луѓе сè уште не се свесни за најголемиот загадувач на планетата“, алудирајќи на производството на месо, односно кравите и емисиите на метан.

– Од сите климатски подрачја, она за што луѓето веројатно најмалку се свесни се вештачкото ѓубриво и кравите, а тоа е предизвик – рекол американскиот богаташ.

Сепак, не треба да заборавиме дека Гејтс во последно време инвестира најмногу пари во стартапи посветени на веганството, како што се „Impossible“ и „NotCo“.

Тој, исто така, претходно посочи дека земјоделската индустрија придонесува за загадување и создавање на емисии на стакленички со околу 24%.

„Доколку стоката беше земја, таа ќе беше трет најголем испуштач на стакленички гасови [во светот]“, напиша Гејтс во 2018 година, а во 2021 година во својата книга „Како да се избегне климатска катастрофа“ изјави дека за ефикасна борба против климатските промени, ќе биде неопходно луѓето да се посветат на нови идеи.

Меѓу тие идеи се, погодувате, преминот кон електрични автомобили, но и производството на вештачко месо. 


Слично

Поврзани вести