Гејтс го бара наследникот на Стив Балмер
Microsoft Corp . спровела интервјуа со многу кандидати за позицијата на CEO , барајќи наследник на Стив Балмер , кој уште во август ја објави својата намера да ја напушти функцијата до крајот на годината . Ова го соопшти претседателот на Одборот на директори и основач на компанијата, Бил Гејтс .
Според зборовите на Гејтс, Microsoft не си поставува крајни рокови за изнаоѓање на нов директор . Според информирани извори , сепак, листата на кандидатите веќе била сведена од 3 до 5 лица , пренесе Bloomberg . Microsoft се наоѓа во процес на реорганизација на бизнисот и планира да ја промени својата структура , фокусирајќи се на мобилните уреди и обезбедување на интернет услуги , намалувајќи ја зависноста од слабеењето на пазарот на персонални компјутери.
Според извор запознаен со ситуацијата , конечната одлука за кандидатурата ќе биде донесена следниот месец . Во шортлистата, според изворот, влегуваат генералниот директор на Ford Motor Co . Ален Мула и поранешниот шеф на Nokia Corp . Стивен Илоп.
Слично
