Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕЈТС, БАФЕТ, СЛИМ: Најбогатите луѓе во светот загубија 19 милијарди долари во 2015 година!

ГЕЈТС, БАФЕТ, СЛИМ: Најбогатите луѓе во светот загубија 19 милијарди долари во 2015 година!

Најбогатите луѓе на Земјата станаа малку посиромашни оваа година.

400 од најбогатите личности изгубиле 19 милијарди долари во 2015 година според Bloomberg Billionaires Index.

Падот на цените на суровините и знаците за забавувањето на стапката на раст на кинеската економија ги притиснаа инвеститорите низ целиот свет, што доведе до првиот годишен пад на индексот на богатството од неговото појавување во 2012 година,

Мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим забележува најголем пад во индексот до завршувањето на трговијата на берзата во Њујорк на 28-ти декември, откако неговата компанија America Movil SAB доживеа пад од 25% во цената на акциите во 2015 година.

Слим, кој во мај 2013 година беше прогласен за најбогат човек во светот, се најде на петтото место оваа година, откако загуби речиси 20 милијарди долари, бидејќи регулаторите се обидоа да го поделат неговиот бизнис, кој контролира поголем дел од фиксни и мобилни телефони во Мексико.

Американскиот инвеститор Ворен Бафет, третиот најбогат човек на земјата, загуби 11,3 милијарди долари, откако Berkshire Hathaway не забележа многу добри резултати. Коосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, најбогатиот човек во светот од мај 2013 година, пак, загуби 3 милијарди долари оваа година.

Загубите на Гејтс и континуираниот раст на Inditex, најголемиот трговец со модни производи во светот, помогнаа за зголемувањето на состојбата на Амансио Ортега со околу 10 милијарди долари, па тој се нашол меѓу првите позиции. Најбогатиот Европеец од јуни 2012 година успеа да ги стигне Слим и Бафет.

20-процентниот раст во неговата состојба се покажа недоволен за да го претвори во најпрофитабилниот човек оваа година.

Сумата е 19 милијарди долари помалку од заработените од основачот на Amazon.com Џеф Безос. Роден во Њу Мексико милијардерот ја зголеми повеќе од двојно својата состојба до 59 милијарди долари, бидејќи инвеститорите останаа задоволни од профитот на компанијата, која е најголемиот трговец на мало во светот. Безос додаде 31 милијарди долари кон своето богатство во 2015 година, справувајќи се со загубата на 7,4 милијарди долари, која ја имаше во 2014 година. Благодарение на овие резултати тој се нашол со 16 позиции нагоре во индексот - на четвртото место.

400-те најбогати луѓе во светот контролираат вкупно 3,9 трилиони долари долари. За време на врвот во резултатите на 18 мај милијардерите имаа речиси 4,3 трилиони долари долари, што е за 267 милијарди долари повеќе во однос на 1 јануари. Во август тие загубија дел од заработката.

Слично

Поврзани вести