Економија, финансии, бизнис

Контакт

Газпром со рекорден извоз во Европа во 2013 година

Газпром со рекорден извоз во Европа во 2013 година
Во 2013 година Газпром, од кој Европа добива речиси една четвртина од природниот гас, го зголеми извозот кон регионот и Турција до рекордно ниво , откако клиентите на руската компанија ги намалија  цените на снабдувањето , а студеното време беше причината за зголемената побарувачка , пишува Bloomberg . Прелиминарните податоци на енергетскиот гигант покажуваат дека во 2013 година испораките се зголемени за 16% до 161,5 милијарди кубни метри . Во оваа бројка не се вклучени количините со кои се тргува меѓу ограноците на руската компанија во Европа , појаснуваат од компанијата. Претходниот рекорд беше поставен во 2008 година и тогаш обемот беше 160 милијарди кубни метри. Германија , Италија и Велика Британија увезувале најмногу од Русија оваа година , изјави за Bloomberg извор од компанијата , кој побарал анонимност . Извозот на руски гас се зголеми по падот во 2012 година , како и на почетокот на оваа година каде што студеното време беше причината за брзото исцрпување на залихите . Клиентите од Европа , вклучувајќи ги германската RWE AG и италијанската Eni SpA , веќе испорачаа гас по пониски цени , откако склучија долгорочни договори со Гаспром . Снабдување на Газпром во Германија , која е најголемиот клиент од земјите во Европската унија , се зголемија за повеќе од 20% и достигнаа количина карактеристична за периодот пред почетокот на економската криза . Од Гаспром одбија да коментираат колку гас бил доставен во Русија и во поранешните советски републики.
Слично

Поврзани вести