Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Газпром“ и Турција удрија потпис: Ќе се гради копнена траса од „Турски поток“

„Газпром“ и Турција удрија потпис: Ќе се гради копнена траса од „Турски поток“

Вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека Анкара и Москва постигнале договор за корекција во цената на дистрибуираниот руски гас за 2015 и 2016 година, со што Русија на Турција ќе и врати една милијарда долари. 

По таа најава, преку соопштение рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека потпишал протокол со Владата на Турција за изградба на копнената траса од гасоводот „Турски поток“.

Преку гасоводот „Турски поток“, кој се појави како алтернатива по пропаѓањето на проектот „Јужен поток“, треба да дистрибуира гас за потрошувачите во Турција, со можност за негово продолжување и кон останатите балкански земји.

Според најавите „Турски поток“ треба да почнува од источниот брег на Црното Море по морското дно до северозападна Турција, а потоа да продолжува по копнен пат.

Анкара досега го одлагеша издавањето одзвола за градба на конената траса од гасоводот, поради спорот околку цената на рускиот гас дистирбуиран за Турција. 

Слично

Поврзани вести