Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Газпром“: Гасот од САД не може да биде алтернатива на рускиот гас во Украина

„Газпром“: Гасот од САД не може да биде алтернатива на рускиот гас во Украина

 Политички популизам се најавите на функционерите во Киев за можно снабдување со природен гас од САД и не може да влијаат на позицијата на „Газпром“ на договорената цена на рускиот гас за Украина, изјави денеска Сергеј Купријанов, портпарол на „Газпром“ за руската телевизија „Русија 24“.

Испораката на гас од САД не може да биде алтернатива на рускиот гас во Украина „првенствено поради недостигот на слободен гас за извоз во блиска иднина“, вели тој.

- Истовремено, не постои специјална флота танкери за испорака на природен гас од САД, а за изградба на таква флота е потребно многу време и слободен капацитет во бродоградилиштата што светот ги нема, нагласи Купријанов, пренесува ИТАР-ТАСС.

По поништувањето на договорот за Црноморската флота од Харков од 2010 година, рускиот премиер Димитриј Медведев потпиша резолуција за укинување на „нултата царина“ на гасот за Укрина, што автоматски ја зголеми цената на 485 долари за 1.000 кубни метри гас.

Слично

Поврзани вести