Газпром доби 100% учество во Киргизгаз за 1 долар
Русија и Киргистан да соработуваат во секторот на транспорт, дистрибуција и продажба на природен гас на териотријата на Киргистан. Ваков договор меѓу двете земји поддржа руската влада и истиот ќе се склучи за период од 25 години, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на соопштението на владата.
Според нацртот, кој го подготви Министерството за енергетика, киргизската страна го обезбедува формирањето на територијата на 100 проценти подружница на Киргизгаз и му се пренесуваат сите гасоводи, дистрибуција на станици за гас, подземни складишта, парцели со земјиште и друг имот, права и интереси, поврзани со нацртот.
Врз основа на купо-продажбата меѓу Киргизгаз и Газпром, Газпром преку директна продажба добива 100-процентно учество во компанијата. Вредноста на уделот е 1 долар.
Киргизгаз ќе испорачува гас на територијата на Киргистан, ќе ги пополнува подземните складишта, ќе гради, реконструира и експлоатира газотранспортна и дистрибуција на гас систем.
Руската страна обезбеди соодветни инвестиции за модернизација и реконструкција на гасната инфраструктура во вреност од 20 милијарди рубљи за пет години од денот на уписот на правото на сопственост на 100 отсто од акциите во Киргизгаз.
Слично
