Економија, финансии, бизнис

Контакт

Газпром бележи пад на профитот

Газпром бележи пад на профитот
Компанијата за гас Газпром минатата година оствари значителен нето профит од 38 милијарди долари, што е за десет проценти помалку во однос на 2011 година. Профитот на Газпром во 2012 година изнесуваше 38 милијарди долари, во споредба 42,2 милијарди долари од 2011 година, а ваквиот пад на добивката е последица на слабата продажба и растечките трошоци, се наведува во соопштението на компанијата, пренесува Франс Прес. Во текот на минатата година, нето продажбата на гас е намалена за шест проценти, бидејќи продажбата на тој енергенс во Европа и другите региони се зголеми за само два проценти, додека продажбата во поранешните советски републики се намали за 17 проценти. Во меѓувреме, трошоците за работењето се зголемени за 18 проценти.
Слично

Поврзани вести