Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗИТЕ ПО ОПАСЕН ПАТ: Кина жестоко ги нападна три земји поради нуклеарниот договор

ГАЗИТЕ ПО ОПАСЕН ПАТ: Кина жестоко ги нападна три земји поради нуклеарниот договор

Откако САД, Австралија и Обединетото Кралство во понеделникот открија дека Австралија ќе добие нуклеарни подморници на почетокот на следната деценија, Кина рече дека трите земји „продолжија да чекорат по опасен пат“ и го нарече AUKUS „нелегален“. 

Како дел од AUKUS, Вашингтон ја сподели нуклеарната технологија за прв пат од 1950-тите кога беше споделена со Велика Британија, а во понеделникот американскиот претседател Џо Бајден нагласи дека се работи за подморници на нуклеарен погон, но дека тие не се вооружени со нуклеарно оружје.

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Венбин рече дека САД, Австралија и Велика Британија ја игнорирале загриженоста на меѓународната заедница.

Бајден рече дека Вашингтон, Канбера и Лондон се посветени на слободен и отворен Индо-Пацифик, а британскиот премиер Риши Сунак рече дека тоа ќе биде првпат трите подморнички флоти да соработуваат во Атлантикот и Пацификот.

Според договорот, САД ќе ѝ продаваат на Австралија три американски подморници од класата Вирџинија на нуклеарен погон на почетокот на 2030-тите, со опција Австралија да купи уште две доколку е потребно, се вели во заедничката изјава.

Се вели дека проектот ќе кулминира со британското и австралиското производство на новата класа на подморници SSN-AUKUS - следната генерација „трилатерално развиен“ брод дизајниран од Британија, кој ќе биде изграден во ОК и Австралија со најсовремена американска технологија.

Велика Британија ќе ја добие својата прва подморница SSN-AUKUS кон крајот на 2030-тите, а Австралија на почетокот на 2040-тите.

САД, Австралија и Велика Британија го склучија воено-безбедносниот пакт AUKUS во средината на септември 2021 година. Пактот е склучен со цел Австралија, која има големи резерви на ураниум, да изгради нова флота на нуклеарни подморници со помош на САД и Британија, а крајната цел на АУКУС е да го зголеми присуството на западните сили во Пацификот.

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Слично

Поврзани вести