Економија, финансии, бизнис

Контакт

Газда на руска продавница ги испиша имињата на нападнатите украински градови и повика на мир

Газда на руска продавница ги испиша имињата на нападнатите украински градови и повика на мир

На ѕидот од руска продавница се испишани имињата на нападнатите украински градови. 

Газдата на локална продавница во малиот град Руско-Висоцкое, Дмитриј Скурихин  ги наведе Мариупол, Буча, Херсон и Чернихив, Одеса, Киев, Мелитопол. Сопственикот  вели дека тоа е „начин на извлекување информации“ затоа што руската јавност е доведена во заблуда поради инвазијата. Тој со својата порака повика на мир. 

„Луѓето почнуваат да сфаќаат дека она што навистина се случува е катастрофа“, вели тој.

Денеска е 86-ти ден од почетокот на војната во Украина. Откако Русија ја нападна Украина, во повеќе градови имаше антивоени протести, но властите ги апсеа демонстрантите. 

Слично

Поврзани вести