ГАЗА СТАНА ГРОБИШТА: Две сестрички се обединија откако го преживеале нападот
Мало девојче сфати дека сестра ѝ го преживеала нападот во Појасот Газа. Оттаму стигнуваат потресни сцени.
18-месечната Јулија е извлечена од урнатините на уништената зграда и итно пренесена во болницата „Ел-Наџар“. Нејзината петгодишна сестра Жури која е спасена од урнатините, веќе беше таму.
Би-би-си објави снимка на која се гледа повторното обединување на малите девојчиња по воздушниот напад на јужна Газа.
„Сестро моја, драга моја“, рече Жури во моментот кога сфати дека сестра ѝ преживеала.
Децата биле на ручек со семејството кога израелските сили ја бомбардирале зградата до нив. Експлозијата ја уништила куќата во која се наоѓале.
„Девојчињата добиле повреди на главата, биле преплашени и трауматизирани“, додаде вујко им.
Девојчињата подоцна ја напуштиле болницата со своите блиски.
„Појасот Газа стана гробишта за деца, а бројот на загинати малолетници до денес надмина 3.450“, изјави Џејмс Елдер, портпарол на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).Конфликтот меѓу Израел и Палестина трае речиси еден месец.
Ерусалимската православна црква го обвини Израел денеска за бомбардирањето во текот на ноќта на нејзиниот културен центар во градот Газа и го осуди „директниот и неоправдан напад“.
