Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗА СЕ ДАВИ ВО СМЕТ: Израел уништи 70 проценти од возилата за хигиена

ГАЗА СЕ ДАВИ ВО СМЕТ: Израел уништи 70 проценти од возилата за хигиена

Газа е пренатрупана со смет, откако Израел уништи 70 проценти од возилата за хигиена. 

„Израелската армија од почетокот на војната на 7 октомври уништила околу 70 проценти од тешката и средна машинерија во општината Газа“, изјави денеска градоначалникот на Газа, Јахја ал-Сараџ. Вели дека израелската армија уништи 90 од 130 возила за потребите на општината и потребна е меѓународна помош за обезбедување на возила и машини за отстранување на отпадот, отворање на патиштата и за водоснабдување на граѓаните.

„Трупањето на неколку тони ѓубре во градот испушта отровни гасови, што се штетни за здравјето на луѓето“, нагласи ал-Сараџ.

Тој додаде дека отпадните води се излеваат на улиците, училиштата, прифатилиштата, како и на некои болници поради уништување на целата инфраструктура.

Градоначалникот на Газа посочи дека градот последен пат добил гориво на 31 октомври. Според ал-Сараџ општината не може да обезбеди и вода за населението.

Во Газа досега загинаа над 24.100 Палестинци. Палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел. Хамас бара формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим. 

Фото: Твитер

Слично

Поврзани вести