Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗА НЕМАЛА ДОВОЛНО ХРАНА И ЧИСТА ВОДА: Тројца лидери на Хамас имаат богатство од над три милијарди долари

ГАЗА НЕМАЛА ДОВОЛНО ХРАНА И ЧИСТА ВОДА: Тројца лидери на Хамас имаат богатство од над три милијарди долари

Според израелската амбасада во САД, тројцата врвни лидери на Хамас – Муса Абу Марзук, Калед Машал и Исмаил Ханије – имаат нето богатство од повеќе од три милијарди долари. Амбасадата исто така тврди дека годишниот обрт на Хамас е 1 милијарда долари и сугерира дека групата е втора по ИСИС како најбогата терористичка група во светот.

Палестинците кои живеат во Газа зависеле од храната испратена од Обединетите нации.

Групата Хамас ја презеде власта во Газа во 2007 година, а нејзиниот политички лидер Исмаил Ханије ја презеде улогата на премиер таа година. Таа сè уште ја контролира територијата, без распишани избори оттогаш.

Во годините откако ја презедоа контролата, лидерите на групата профитираа од мизеријата на жителите на Газа, пишува „Дејли мејл“.

Во видеото, израелската амбасада во САД ја обвини групата дека ги користи своите средства за изградба на тунели и вооружување на своите борци, наместо да гради витална инфраструктура, како што се бунари и обнова на уништените згради.

Студија од 2021 година покажа дека околу една четвртина од болестите што се шират на територијата се предизвикани од загадување на водата, а 12 проценти од смртните случаи кај мали деца се должат на инфекции поврзани со загадена вода.

На 7 октомври Хамас почна со напади на Израел. Тие сакаат формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим. 

foto Twitter

Слично

Поврзани вести