Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено во Газа, предупредуваaт од Обединетите нации(ОН). 

Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) предупреди дека на секои 10 минути во Газа е рането или убиено по едно палестинско дете. Информацијата ја објави и Министерството за здравство.

OCHA посочува дека од 1 април до денес, 15 отсто од мисиите за хуманитарна помош во северниот дел на Газа и оние во делови од јужна Газа за кои е потребна координација беа одбиени или попречени од израелските власти.

Според УНИЦЕФ, околу 13.800 деца се убиени во Газа. Палестинската терористичка група Хамас лани на 7 октомври го нападна Израел и потоа Израел почна со операцијата во Газа. Хамас бара формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим, но и ослободување на палестинските затвореници кои се во затворите во Израел. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести