Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГАЗА „ГОРИ“: Хамас тврди дека во болницата има 500 загинати, Израел вели дека терористите неуспешно лансирале ракета

ГАЗА „ГОРИ“: Хамас тврди дека во болницата има 500 загинати, Израел вели дека терористите неуспешно лансирале ракета

Израелските воздушни сили ја погодија болницата Ал-Ахли Араби во центарот на Газа, соопштија палестинското министерство за здравство. Најмалку 500-тини луѓе загинаа во експлозијата. Израелската страна повика сите да бидат внимателни кога пренесуваат информации од терористичката организација. 

Прелиминарната истрага на израелската армија (ИДФ) покажа дека денешната експлозија во болница во Газа, во која, според Палестинците, загинале најмалку 500 луѓе, била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на милитантната група Хамас, пренесува i24news.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска прогласи тридневна жалост низ Палестина поради нападот на израелските сили врз болницата Ал Ахли во Појасот Газа.

На видеата што се објавени на социјалните медиуми се гледа пожар во болничките хали, искршени стакла, повредени луѓе, запалени возила.

Претходно, бомбардирано беше училиште во бегалски камп во појасот Газа, каде беа засолнети преку 4 илјади луѓе, потврдија од ОН. Десетици загинаа, но се верува дека бројката ќе се зголемува и од овој напад.

Од Светската организација велат дека нападите се флагрантно занемарување на животите на цивилите, и ниту едно место веќе не е безбедно за криење во Газа.

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика светот обединето да застане зад неговата земја за да го порази Хамас, кој го обвини дека ги користи граѓаните како жив штит. Нив ги нарече нови нацисти кои дивјачки убиваат.

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус го осуди нападот врз болницата Ал Ахли во Газа.

Стотици луѓе излегоа на улиците низ Западниот Брег во знак на протест поради експлозијата во болница во Газа, пишува The Times of Israel. На видео снимките од градот Рамала се гледаат демонстрантите кои извикуваат: „Народот сака претседателот да падне“. Тие се незадоволни од согледаната неактивност на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас во светлината на израелската војна во Газа.

Слично

Поврзани вести